Во 2007 година престојував во Финска. По покана од финската влада, бев на обука за работа со цивилен кризен менаџмент. Убава држава, животот стокмен до перфекција, народот безгрижен, се на се, општество за пример. Во склоп на школувањето, координаторот еден ден реши да не однесе во посета на градот Куопјо, како одблизу би се запознале со тоа мало градче на истокот од Суоми, недалеку од Сибир. Градчето наликуваше на една голема " зона на самракот" . Луѓе по улица нема, нема седенки на кафе, нема сообраќаен метеж, така да, за мојата душа балканска, времето поминато таму навистина наликуваше на време со друга димензија.
По план, требаше да се посети и музејот. Влеговме внатре, очекувајќи дека таму ќе видиме артефакти од времето на викинзите, но тоа што беше поставено таму, не беше постаро од 100 години. Кустосот упорно инсистираше да кажеме дека вакво нешто несме виделе досега, што кај мене предизвика само обична смеа. Успеав да се воздржам од коментари, но во тој момент на памет ми падна мојата земја која крие антички градови на секој чекор. Градови кои сведочат за едно минато.
Замислете Македонија да мора да гради подземна железница. Мислам дека со години нема да можеме да ги извадиме на површина сите скриени предмети закопани во земјината пора. Римјаните најдобро знаат како изгледа сето тоа. Градењето на римската подземна железница траело со години. Работниците се соочувале со пречки на секој чекор. Остатоци од славното римско минато не дозволувале возот да помине непречено. Само во длабочината на земјата се крие минатото на една држава. Но за нас тоа не е важно. Важно е да се уништи секој остаток од минатото, важно е да се украде вреден артефакт, да се постават столбови за струја на место на антички наоѓалишта, да се уништи онаа што се вика наша историја.Колку би била среќна Америка, кога во длабочините на Њујорк, наместо подземна железница, се крие антички град.
Нашиот неуморен археолог, Арвена, објави утринава дека археолошкиот град Градиште кај с. Граиште Демирхисарско е уништен засекогаш. Поважни се антените на мобилните оператори. Оваа не е ништо друго освен уништување на нашето минато. Копањето по нашето минато е уништување на нашата иднина. Мобилните телефони не се временски машини. Нашите антички градови се нашата временска машина. Секоја педа од тие градови е приказна за себе. Нека се засрами оној кој стави колец во земјата и кажа оваа е мое.
Финците се горди на стоте години историја…Така треба
Оставете не нас со вековната историја да уништиме се…Финската нокиа мора да добие добар прием.
Ако ви е важно вашето минато, прочитајте повеќе на www.arheo. com.mk

[...] Our common heritage is our temple of knowledge. [...]
Interpreter
Ти навистина знаеш да ги пробудиш духовите а така и треба.
Пред неколку години имав можност да го дружам професорот Виктор археологот кој правеше мапа за докажано постоење на арх. наоѓалишта,јас само го возев лаик сум за овие работи,и бев вчидоневиден врз што лежи Македонија.Македонија не е истражена ниту 2% според неговите зборови а со минимални средства според него Макединија би можела да го завземе првото место според значењето во светската историска и културна ризница.Тие месец дена што ги поминав со него по македонските планини и региони ми оставија длабока трага во душава,каде да копнеш историја…
[...] Our common heritage is our temple of knowledge. [...]
“..Се согласувам дека Куопјо не е близу до Сибир, но мештаните таму кажуваат дека во градот е студено, многу студено заради ветровите кои дуваат од Русија…Сместен на исток од Финска, луѓето жителите на Куопјо имаат многу искосени очи и имаат ептен азиски look…”
Абсолютно нормално за тази част на Европа. От югозапад е Гълфстрийм, от изток – студените течения и ветрове. А всъщност на изток от Финландия е прекрасната и райска ……Карелия, където живеят (според СССР – карелци, а според езикът, произходът и историческата истина – …ФИНЛАНДЦИ)
.
можеби ќе дојде ден кога ќе сфатиме дека не со антените и технолошките достигнувања, туку со културното наследство може да му се претставиме на светот. Поздрав
Се согласувам дека Куопјо не е близу до Сибир, но мештаните таму кажуваат дека во градот е студено, многу студено заради ветровите кои дуваат од Русија…Сместен на исток од Финска, луѓето жителите на Куопјо имаат многу искосени очи и имаат ептен азиски look…
Знам дека не е Финска викингшка земја…Скандинавија ја имам прошетано уз дуж и попреко…И грешиш ако мислиш дека има многу Швеѓани во Суоми…Не се повеќе од 10 проценти, зихер
Тие се како нас, билингвална држава…Со разлика што таму секој Финец збори Шведски
Седнав денес да потпрочитам што се пишувало по Блогерајов дур бев отсутен. Секоја пофалба за текстовите Интерпетер! A секако и за генијалната поезија, која е твој трејдмарк
Е сеа чисто муабета ради, би прокоментирал малце офтопик, има некои фактографски грешки у текстов.
Вели у стилу Куопјо бил „близу до Сибир“. Сибир е во Aзискиот дел на Русија, тоа е џенем од Финска, 500 миљарди километри. Можда сакаше да кажеш дека градот е блиску до Арктичкиот круг, кој поминува и низ Финска.
Потоа ме збуни и она што спомињаш Викинзи. Финска не е нивна постојбина, туку Шведска, Норвешка и Данска. Тие нации се сродни со германските народи, а Финците се поинакви, тие се од Угро- финската група, како Унгарците, Естонците итн.. Сеа добро Викинзите пловеле, освојувале, можда понешто успут остаиле и во Финска, башка таму има и големо Шведско малцинство и историски влијанија од соседна Шведска, мада пак велам, таа не е типична викиншка земја. Поздрав и не замерај, ова ради муабет онака, офтопик.
У право си Интерпретер, самото тоа што е билингвална држава ме залажа да си помислам дека процентот на говорители на шведски таму е многу голем, а уствари к’о што велиш и не бил баш. Чуму стаале билингвалност онда??
) Башка друга тема, велат, тоа не се Шведско етничко малцинство, туку „Финци кои говорат шведски“. Ајдее
) Неисе, извини ти ги забегав коментарите у офтопик.
Народ што не го почитува минатото, не ја заслужува ни иднината…при градењето на предавателот на Цареви Кули, куќичката а и самата антена се изградени директно врз црква. Не е возможно тоа да не било забележано од присутните. Сега ќе треба да се дислоцира, а тоа ќе чини поскапо. Сиромавиот двапати плаќа.
пишав и кај Арвена, еве и овде истото:
*
мајка ми е од таму, кажува дека на времето поројните дождови носеле римски монети од ридот…
интересно: војските на генералот Леонтиј биле тука стационирани, а Леонтиј денес им е селска слава…
селаните не даваат диви копачи да роварат, а со дозвола никој не дошол досега…
Волан
И покрај фактот дека пола Американци и незнаат каде е Европа, оние малку што знаат, навистина го ценат онаа што ние го имаме како културно наследство
Јас, иако сум лаик, не ми треба многу за да сфатам дека некој пет пари не дава за археологијата во МК.
И ќе пишувам колку можам
Во следната прилика ќе напишам за Баргала и што таму слушнав од луѓето за тоа кој ги краде артефактите
Исклучително добар и инспиративен пост … еве шанса да видиме како новите медиуми пред сите останати мејнстрим медиуми, умрежени (ВЕБ 2.0, веќе и 3.0) можат да ја подигнат јавната свест.
Незнаејки за твојот пост скоро во исто време но сепак подоцна од тебе јас ја продуцирав тажнава архе приказна и на мојот нов-стар блог Моја Македонија – Фото стoрии во постот Oштетувања на локалитетот Градиште, с. Граиште Демир Хисар од страна на моб.оператори … Gradiste village – Demir Hisar
Сметам дека е добро да се пратат и пренесуваат новите настани во оваа тажна архео МК приказна. Шетајки низ САД и Канада по нивните дворови ке најдете камења од италијанските планини … се прашував што тие би дале да имаат архео локалитети како оние во Македонија …. но тоа е поголема приказна која ке ја раскажам на мојот блог во некој нареден пост … еден од најголемите сонови кој го сонува просечниот американец е да некојпат се прошета по Европа, по многуте архео локалитети во Италија, Грција и Шпанија, кои од сето тоа направија одличен профитабилен бизнис …
Наоѓалиштето заслужува внимание…Сите наоѓалишта се наши светилишта
Да не дозволиме да ни го снема минатото…Некој ќе го искористи тоа во свои цели
Видеото ќе биде вметнато во текстот
Ти благодарам што постоиш
Интерпретер, многу ти благодарам за спомнувањето, шармантен текст, за не толку убава работа. Навистина нешто страшно му се случило на овој локалитет. За да бидат моите зборови поткрепени, ова е линкот до видео материјалот снимен на терен.
http://www.youtube.com/watch?v=TmkBdwpbRj4
Археоблог
Јас сум тотален лаик за археологија, но сум страствен ” заљубљеник ” во нашето минато и историја…Кај што наоѓам, читам, кај што идам, гледам
Арвена е храбар археологист…Таа го открива онаа што другите го копаат…
Секој презир за тие кои ја уништуваат нашата историја
Секоја чест за Вас interpreter што на толку убав начин го прикажавте тоа.
Секоја чест на Арвена која неуморно работи за ваквите наоѓалишта и места да се заштитат.
Кога ова место би можело да зборува би раскажало за праисториските населби кои никнале во ова место, би раскажало за пајонските стражари кои на ѕидините на Брианион го чувале сонот на населениците на тоа мало градче, би кажувало за Македонската Империја, би кажувало и за рударите кои ја носеле рудата во градот, би кажувало за изработувачите на железни орудија, за изработувачите на земјените садови во Добрун, би кажувало за Самоиловото Царство, за Брсјачката буна, за Јордан Пиперката, за Даме Груев, за Смилевскиот конгрес, за партизанските одреди…
Кога само ова место би можело да зборува….
две бирки
сега гледам дека си пишал за Карелија селото, кое има финско малцинство…
Знам за селото, имаат своја традиција, јазик, црква
Сместено у пизду си матер, малкуте финци таму стравуваат дека и тоа малку луѓе ќе им се иселат и нема многу да остане од нивната традиција и обичаи